имате прашања?

043 412 180

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ИЗБОР НА ПЕТ НАСТАВНИЦИ ЗА УЧЕСТВО ВО МЕЃУНАРОДНА ОБУКА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА ERASMUS+

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци објавува јавен повик за избор на пет наставници за учество во меѓународна обука во рамките на програмата Erasmus+, во соработка со Пољопривредна школа са домом ученика „Соња Маринковић“ – Пожаревац, Република Србија.
Изборот ќе се спроведе врз основа на однапред утврдени критериуми, со почитување на принципите на транспарентност, објективност, еднакви можности и недискриминација.
1. ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБУКАТА
Назив на обуката:
„Традиција, иновации и одржливост во земјоделството – од соларно наводнување до природна преработка на храна“.
Организатор: Пољопривредна школа са домом ученика „Соња Маринковић“ – Пожаревац, Република Србија.
Број на учесници: 5 наставници.
Времетраење: 6 дена. Од 03 до 08.12.2026 година
Место на реализација: Пожаревац, Република Србија.
Тематски области на обуката:
Примена на мерки за адаптација на климатските промени во овоштарството;
Современи системи за подземно наводнување капка по капка;
Примена на соларна енергија и обновливи извори на енергија во земјоделството;
Природна преработка на овошје и производство на сокови и џемови без конзерванси;
Безбедност на храната, контрола на квалитетот, пакување и означување на производи;
Одржливо земјоделство и примена на современи технологии во практичната
настава.
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на пријавување имаат сите наставници кои:
се во редовен работен однос во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци;
имаат интерес за професионален развој и унапредување на своите стручни компетенции;
се подготвени активно да учествуваат во предвидените активности на обуката;
се подготвени стекнатите знаења и искуства да ги применат во наставниот процес и да ги споделат со останатиот наставен кадар.
Сите заинтересирани наставници кои ги исполнуваат условите имаат еднакво право на пријавување.
3. КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И БОДИРАЊЕ
Изборот на кандидатите ќе се врши врз основа на следните критериуми, со максимален број од 30 бодови:
1. Мотивација и интерес за учество – 0 до 10 бодови
Ќе се оценуваат мотивираноста за учество, интересот за тематиката на обуката, идеите за примена на стекнатите знаења и подготвеноста за споделување на искуствата со колегите.
2. Професионално искуство и поврзаност со тематиката на обуката – 0 до 10 бодови
Ќе се оценуваат поврзаноста на наставните предмети со тематиката на обуката, професионалното искуство и практичниот ангажман во соодветните стручни области.
3. Познавање на странски јазик – 0 до 5 бодови
Ќе се оценува познавањето на англиски, српски или друг јазик релевантен за комуникација во текот на мобилноста.
4. Претходно учество во Erasmus+ мобилности – 0 до 5 бодови
Наставници кои досега не учествувале – 5 бодови;
Наставници кои учествувале еднаш – 3 бодови;
Наставници кои учествувале двапати – 2 бода;
Наставници кои учествувале три или повеќе пати – 0 бодови.
За овој критериум ќе се користи евиденцијата на училиштето за претходното учество на кандидатите во Erasmus+ мобилности.
Вкупно: 30 бодови.
4. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните наставници треба да достават:
Пополнета пријава за учество на јавниот повик;
Кратко мотивациско писмо во кое ќе ги образложат причините за пријавување, интересот за тематиката на обуката и очекуваната примена на стекнатите знаења во наставниот процес.
Кандидатите може да приложат и доказ за познавање странски јазик, доколку располагаат со таков документ.
5. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавите со потребната документација се доставуваат:
Лично во архивата на училиштето, во затворен плик со назнака „За јавен повик за Erasmus+ обука“; или
На официјалната електронска адреса на училиштето: zsuckavadarci@t.mk.
Рок за пријавување: 20.11.2026 година.
6. ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА
Селекцијата ќе ја спроведе Комисија формирана со решение од директорот на училиштето.
Комисијата ќе изврши преглед и оценување на пристигнатите пријави, индивидуално бодување на секој кандидат согласно објавените критериуми и ќе изготви записник за спроведената постапка.
Врз основа на освоените бодови ќе се изготви прелиминарна ранг-листа.
За учество во обуката ќе бидат предложени пет кандидати со најголем број освоени бодови.
Во случај на еднаков број бодови кај кандидатите на границата за избор, предност ќе има кандидатот со повеќе бодови според критериумот професионално искуство и поврзаност со тематиката на обуката. Доколку и по овој критериум има еднаков број бодови, предност ќе има кандидатот со помал број претходни Erasmus+ мобилности.
7. ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ И ПРАВО НА ПРИГОВОР
Прелиминарната ранг-листа ќе биде објавена на огласната табла и на официјалната веб-страница на училиштето, со заштита на личните податоци на кандидатите.
Секој кандидат има право на увид во сопственото бодување и образложението за доделените бодови.
Кандидатите имаат право да поднесат писмен приговор во рок од 3 работни дена од денот на објавување на прелиминарната ранг-листа, преку архивата на училиштето.
По разгледувањето на евентуалните приговори ќе се утврди и објави конечната ранг-листа, врз основа на која ќе се донесе одлука за избор на учесниците.
Комисијата ќе изготви и резервна листа на учесници, кои можат да се вклучат во мобилноста во случај некој од селектираните учесници од оправдани причини не може да учествува во обуката.
8. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ УЧЕСНИЦИ
Избраните наставници се обврзуваат:
активно да учествуваат во предвидената програма за обука;
да ги исполнуваат проектните обврски и да ја комплетираат потребната документација;
стекнатите знаења и искуства да ги применат во наставниот процес;
по завршувањето на мобилноста да учествуваат во дисеминација и споделување на искуствата со останатиот наставен кадар.
Училиштето обезбедува еднаков пристап до информациите и условите за пријавување за сите заинтересирани наставници.
Селекцијата ќе се спроведе врз основа на принципите на транспарентност, објективност, еднакви можности и одговорно управување со средствата од програмата Erasmus+.
СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци
Директор:
Ратка Росомански
Датум на објавување: 09.11.2026 одина

Categories: