имате прашања?

043 412 180

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци во рамките на проектот „ Трендови и предизвици во
земјоделството и шумарството & трендови и иновации во образованието “ од програмата
Еразмус+, Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци со регистарски број
2025-1-MK01-KA121-VET-000330324, распишува
ПОВИК

за пријавување на 6 наставници за учество на мобилност

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ објавува повик за избор на 6 наставници
Цел на мобилноста
Целта на мобилноста е наставниците од стручното образование да стекнат нови знаења,
искуства и практични вештини за употребата на вештачката интелигенција и дигиталните
алатки во образованието.
Мобилноста е комбинација на теоретска презентација, практична работа и
демонстрација. Овој пристап овозможува разбирање на вештачката интелигенција и
дигиталните алатки и нивна примена во образованието.
Теоретските сесии обезбедуваат основни, додека практичната работа и демонстрациите
го олеснуваат развојот на технички вештини и познавање на специфичните алатки и
процедури.
Мобилноста ќе придонесе за:
 Подобрување на компетентноста на наставниците,
 Модернизација на наставната програма одн. промовирање на вештачката
интелигенција во стручното образование,
 Премостување на јазот во дигиталните вештини,
 Унапредување на капацитетите за меѓународна соработка,
 Промовирање на европската димензија во образованието;
 Поттикнување на споделување на стекнатите искуства во училиштето.
Период на мобилност
Мобилноста ќе се реализира во периодот од 15.04.2026 до 22.04.2026 година во
Валенсија, Шпанија.

Број на учесници
Во мобилноста ќе учествуваат 6 наставници, од стручното образование.
Трошоци
Трошоците за патување, сместување, храна и здравствено / патничко осигурување се
покриени од проектот во рамките на програмата Еразмус+.
Услови за пријавување и критериуми за избор
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се наставници кои реализираат наставни активности во рамките на стручното
    образование и обука.
  2. Да поседуваат релевантно професионално искуство.
  3. Да имаат задоволително ниво на познавање на англискиот јазик.
  4. Да имаат солидни компјутерски вештини.
  5. Да покажуваат интерес, посветеност и одговорност во реализација на наставата.
  6. Да бидат отворени за нови идеи, учење и споделување на искуства.
  7. Да имаат интерес за проширување на меѓународната соработка.
  8. Да се подготвени по завршувањето на мобилноста да придонесат во дисеминација
    на стекнатите знаења и искуства на колегите во училиштето.
    Што добиваат учесниците?
    Учесниците ќе имаат можност:
     Да ги унапредат своите професионални знаења и компетенции;
     Да се запознаат со добри практики и современи методи во стручното образование;
     Да стекнат искуство за примена на вештачката интелигенција и дигитални алатки
    во наставата;
     Да го подобрат разбирањето за европските пристапи во образованието и обуката;
     Да придонесат кон модернизација и интернационализација на своето училиште;
     Да придонесат кон автоматизирање на административните задачи во наставата,
    како што е водењето на евиденција, овозможувајќи им да се фокусираат повеќе
    време на директно ангажирање со ученици.
     Да го зајакнат својот професионален и кариерен развој.

Начин на избор
Изборот ќе се врши согласно на условите и критериумите од повикот при што предимство
ќе имаат наставници кои досега не учествувале во мобилности.
Како да се пријавите?
Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават со пополнување на апликационене
формулар и форма која може да ја добијат од комисијата која врши селекција на
учесници во мобилност.
и со доставување на Europass кратка биографија на англиски јазик.
Рок за пријавување
Рокот за пријавување е до : 07.04.2026 до 09.04.2026 г.

Оглас за избор (селекција) на ученици и наставници за учество во Проектот 2025-1-MK01-KA121-VET-000330324Download

– Практична лекција за идни агротехничари и фитомедицинари 🌿

На 8 октомври 2025 година, учениците од образовните профили Агротехничар и Фитомедицина реализираа едукативна посета на компанијата „Алајанс Уан Македонија“ во Кавадарци – водечки субјект во тутунската индустрија. Посетата беше дел од практичната настава и имаше за цел да ги поврзе теоретските знаења со реалната агроиндустриска практика.

Ученичката заедница претставува легитимно тело кое ги застапува и претставува ставовите на учениците во рамките на

СОЗШУ „Ѓорче Петров“

Кавадарци. Нејзината улога е да работи за подобрување на училишната атмосфера, подобрување на ученичките

односи, реализирање на иницијативи, развивање на креативни идеи и коцепти и решавање на проблемите со кои тие се соочуваат.

Денес претставници од сите класови одржаа седница на ученичката заедница во конференциската сала .

Целта беше избор на нов претседател на ученичката заедница . По дискусиите , проценките и усните говори на пријавените беше избран Антонио Јанев, ученик во четврта година. Му честитаме на нашиот нов претседател од кого имаме големи очекувања до крајот на школската година.

SOZSU-GJORCHE PETROV

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК – ДЕТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛ

во СОЗШУ ,,Ѓорче Петров” Кавадарци

Во согласност со напорите за унапредување на правата на детето, демократијата и активното учество на учениците во училиштниот живот, СОЗШУ ,,Ѓорче Петров” Кавадарци објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на *Ученик – Дете правобранител* за учебната 2025/2026 и 2026/2027 година

### ✅ Кој може да се пријави?

Секој ученик од I, II, III или IV година кој:

* Покажува интерес за заштита на детските права и ученичко учество
* Има комуникациски и организациски вештини
* Има стекнато доверба меѓу соучениците

Што е задачата на Детето правобранител?

* Да ги информира учениците за нивните права и обврски
* Да ги слуша и застапува ставовите на учениците
* Да посредува при несогласувања меѓу ученици или помеѓу ученици и наставници
* Да предлага иницијативи за подобрување на ученичките права

Како да се пријавиш?

Потребно е да доставиш:
* Мотивациско писмо: Зошто сакаш да бидеш дете правобранител? (до 300 зборови)

Рок за пријавување:

*До 22.10.2025 година. Секој што сака да се пријави за оваа позиција, може да се пријави кај Викторија Петкова, ученик во III-6

 Постапка за избор:

Изборот ќе го спроведе комисија составена од:

* Претставник од стручната служба
* Претставник од наставничкиот совет
* Претставник од ученичкиот совет

Избраниот ученик ќе биде јавно објавен на огласната табла, весникот на училиштето и на веб-страницата на училиштето

За дополнителни информации, обратете се кај педагогот/психологот на училиштето.
*Ајде заедно да изградиме побезбедно и поправедно училиште!*

Со почит,
СОЗШУ ,,Ѓорче Петров” Кавадарци