имате прашања?

043 412 180

SOZSU-GJORCHE PETROV

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК – ДЕТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛ

во СОЗШУ ,,Ѓорче Петров” Кавадарци

Во согласност со напорите за унапредување на правата на детето, демократијата и активното учество на учениците во училиштниот живот, СОЗШУ ,,Ѓорче Петров” Кавадарци објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на *Ученик – Дете правобранител* за учебната 2025/2026 и 2026/2027 година

### ✅ Кој може да се пријави?

Секој ученик од I, II, III или IV година кој:

* Покажува интерес за заштита на детските права и ученичко учество
* Има комуникациски и организациски вештини
* Има стекнато доверба меѓу соучениците

Што е задачата на Детето правобранител?

* Да ги информира учениците за нивните права и обврски
* Да ги слуша и застапува ставовите на учениците
* Да посредува при несогласувања меѓу ученици или помеѓу ученици и наставници
* Да предлага иницијативи за подобрување на ученичките права

Како да се пријавиш?

Потребно е да доставиш:
* Мотивациско писмо: Зошто сакаш да бидеш дете правобранител? (до 300 зборови)

Рок за пријавување:

*До 22.10.2025 година. Секој што сака да се пријави за оваа позиција, може да се пријави кај Викторија Петкова, ученик во III-6

 Постапка за избор:

Изборот ќе го спроведе комисија составена од:

* Претставник од стручната служба
* Претставник од наставничкиот совет
* Претставник од ученичкиот совет

Избраниот ученик ќе биде јавно објавен на огласната табла, весникот на училиштето и на веб-страницата на училиштето

За дополнителни информации, обратете се кај педагогот/психологот на училиштето.
*Ајде заедно да изградиме побезбедно и поправедно училиште!*

Со почит,
СОЗШУ ,,Ѓорче Петров” Кавадарци

СОЗШУ Ѓорче Петров – Кавадарци

Можете да поднесете барање за добивање на тарифник за надоместоци за издавање на реални акти (втор примерок од диплома, свидетелство, одлука за испит) кај овластените службени лица

или да го превземете објавениот ТАРИФНИК ЗА НАДОМЕСТОЦИ

СОЗШУ Ѓорче Петров – Кавадарци

ревизорски извештај можете да превземете преку страницата на Државниот завод за Ревизија на следниот ЛИНК

Средно општинско земјоделско шумарско училиште Ѓорче Петров – Кавадарци

СОЗШУ Ѓорче Петров – Кавадарци

Можете да превземете обрасци за барања од Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер