Самоевалуацијата на училиштето е процес на систематско и континуирано следење, анализирање и вреднување на оствареното во изминатите години со единствена цел: да се анализира квалитетот на севкупната работа на училиштето. Со примена на SWOT анализа се анализираа и определија силните и слабите страни на училиштето, расположливите ресурси и неговото окружување и се поставија главните тези за изготвување на извештај од самоевалуацијата.
Врз основа на овие предности и слабости произлегоа одредени приоритети од кои потоа ќе се развиваат развојни цели со задачи и активности.
Самоевалуацијата е спроведена за периодот од 2021 до 2023 три наставни години(2020/2021, 2021/2022.и 2022/2023 год.) согласно Законот за средно образование и ги опфаќа следниве области:
организација и реализација на наставата и учењето,
постигања на учениците,
професионален развој на наставниците, стручните соработници и на раководниот кадар,
управување и раководење,
комуникации и односи со јавноста,
училишна клима и култура,
соработка со родителите и со локалната средина
Превземање на документот во PDF формат на следниов линк Samoevaluacija 2023 finalna