имате прашања?

043 412 180

ИЗВЕШТАЈ Од активности од програма Erasmus 2025-1-MK01-KA121-VET-000330324

 Во периодот 17.03 – 30.03.2026 година во организација на Erasmus + 2025-1-MK01-KA121-VET-000330324, ученици и професори од ,,Ѓорче Петров” Кавадарци, реализираа обука за Современи дигитални алатки во земјоделието, шумарството & аквакултури
Целта на оваа обука е да им овозможи на учениците и наставниците, да се запознаат со современите трендови и иновации во дигиталното земјоделство и шумарство, агро-прехранбениот сектор и аквакултурата.
Преку комбинација на теоретски предавања, практични работилници и студиски посети на релевантни институции како Cyprus University of Technology и Agricultural Research Institute, учесниците имаа можност да стекнат знаења за примена на дигитални технологии (IoT, дронови, вештачка интелигенција) во земјоделството и шумарството, развој на претприемачки вештини и креирање на иновативни агро-бизнис идеи, европски политики и програми за поддршка на земјоделството и шумарството, поврзување на теоријата со практиката преку реални примери од индустријата.
Дополнително, обуката имаше за цел да ја поттикне тимската работа, критичкото размислување и активното учество на учениците во креирање на сопствени проекти.
Активностите од обуката се одржаа во Ларнака, Аја Напа и Лимасол во Кипар. Истите вклучуваа теоретски предавања, практични работилници, студиски посети на истражувачки институти и прехранбени капацитети. Во рамки на посетата на Кипар беа реализирани и посети на значајни културни и историски знаменитости. активности.

Categories: