имате прашања?

043 412 180

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

Извештај за работата во учебната 2024-2025

2
I. ВОВЕД
Училиштето е лоцирано во Општина Кавадарци, а како основач на училиштето се јавува општина Кавадарци.
Основната дејност на училиштето е воспитно-образовна, со јасно дефинирани цели.
Во 2024/2025 година во училиштето се реализираше воспитно-образовен процес, во кој учениците стекнуваа стручно образование.
Од стручното образование застапени се следните сектори: земјоделство, рибарство и ветеринарство со три образовни профили, шумарство и обработка на дрво со три образовни профили и здравствство и социјална заштита со еден профил.
Од гимназиското образование се застапени две паралелки – спортска академија за кошарка, како дисперзирани паралелки на ДСУ „Спортска академија“ – Скопје
Во изминатата учебна година во училиштето на почетокот се запишаа вкупно 371 ученици, распоредени во 25 паралелки. Во текот на годината се запишаа уште 4 ученици, а си замина 13. На крајот на учебната година останале 362 ученици. Од 362 ученици, 343 направо ја завршија соодветната година на образование, 17 ученици беа упатени на поправен испит, 1 ученик ја повторува годината,1 ученик беше упатен на класен испит на годината по сите предмети, а 2 ученици само по еден предмет. Упатената ученичка на испит на годината по сите предмети, ги положи сите предмети и ја заврши годината. Учениците кои беа упатени на испит на годината по еден предмет, успешно го положија. Сите ученици кои беа упатени на поправен испит успешно го положија и ја завршија годината….

Categories: