имате прашања?

043 412 180

ГОДИШНА ПРОГРАМАЗА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНАТА РАБОТАНА УЧИЛИШТЕТО ЗА УЧЕБНАТА2025/26 год.

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНАТА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО ЗА УЧЕБНАТА 2025/26 год.

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНАТА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО ЗА УЧЕБНАТА 2025/26 год.

1. Вовед
Средното Општинско Земјоделско Шумарско Училиште “Ѓорче Петров” Кавадарци како воспитно образовна организација за средно образование од посебен општествен интерес има значајна улога во оспособувањето на кадри од земјоделско-ветеринарната, шумарско-дрвопреработувачка струка. Од учебната 2015/16 година во ова училиште се оспособуваат кадри од гимназиско образование – спортска академија (образовен профил: спортска академија за кошарка) како диспрезирани паралелки на Државното Средно Училиште „Спортска академија“- Скопје.
Од учебната 2018/19 година во училиштето се оспособуваат кадри од Здравствената струка од профилот фармацевтско-лабораториски техничар, а сега фармацевтски техничар (сектор здравство и социјална заштита). Од учебната 2025/26 се проширува здравствената струка (сектор здравство и социјална заштита) со профилот „медицинска сестра“.
Земјоделско-шумарското училиште “Ѓорче Петров” Кавадарци се наоѓа на источниот дел во општина Кавадарци на раскрсницата на улицата „Видео Смилевски Бато” и улицата „Шишка” т.е регионалниот пат кој што води кон општина Неготино. Училиштето започнува со работа во 1956 год. Во 1965 год е изградена сегашната зграда, а истата е надоградена со уште еден крак во 1987 год. со вкупна корисна површина од 4422м2.

Categories: