имате прашања?

043 412 180

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци во рамките на проектот „ Трендови и предизвици во
земјоделството и шумарството & трендови и иновации во образованието “ од програмата
Еразмус+, Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци со регистарски број
2025-1-MK01-KA121-VET-000330324, распишува
ПОВИК

за пријавување на 6 наставници за учество на мобилност

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ објавува повик за избор на 6 наставници
Цел на мобилноста
Целта на мобилноста е наставниците од стручното образование да стекнат нови знаења,
искуства и практични вештини за употребата на вештачката интелигенција и дигиталните
алатки во образованието.
Мобилноста е комбинација на теоретска презентација, практична работа и
демонстрација. Овој пристап овозможува разбирање на вештачката интелигенција и
дигиталните алатки и нивна примена во образованието.
Теоретските сесии обезбедуваат основни, додека практичната работа и демонстрациите
го олеснуваат развојот на технички вештини и познавање на специфичните алатки и
процедури.
Мобилноста ќе придонесе за:
 Подобрување на компетентноста на наставниците,
 Модернизација на наставната програма одн. промовирање на вештачката
интелигенција во стручното образование,
 Премостување на јазот во дигиталните вештини,
 Унапредување на капацитетите за меѓународна соработка,
 Промовирање на европската димензија во образованието;
 Поттикнување на споделување на стекнатите искуства во училиштето.
Период на мобилност
Мобилноста ќе се реализира во периодот од 15.04.2026 до 22.04.2026 година во
Валенсија, Шпанија.

Број на учесници
Во мобилноста ќе учествуваат 6 наставници, од стручното образование.
Трошоци
Трошоците за патување, сместување, храна и здравствено / патничко осигурување се
покриени од проектот во рамките на програмата Еразмус+.
Услови за пријавување и критериуми за избор
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се наставници кои реализираат наставни активности во рамките на стручното
    образование и обука.
  2. Да поседуваат релевантно професионално искуство.
  3. Да имаат задоволително ниво на познавање на англискиот јазик.
  4. Да имаат солидни компјутерски вештини.
  5. Да покажуваат интерес, посветеност и одговорност во реализација на наставата.
  6. Да бидат отворени за нови идеи, учење и споделување на искуства.
  7. Да имаат интерес за проширување на меѓународната соработка.
  8. Да се подготвени по завршувањето на мобилноста да придонесат во дисеминација
    на стекнатите знаења и искуства на колегите во училиштето.
    Што добиваат учесниците?
    Учесниците ќе имаат можност:
     Да ги унапредат своите професионални знаења и компетенции;
     Да се запознаат со добри практики и современи методи во стручното образование;
     Да стекнат искуство за примена на вештачката интелигенција и дигитални алатки
    во наставата;
     Да го подобрат разбирањето за европските пристапи во образованието и обуката;
     Да придонесат кон модернизација и интернационализација на своето училиште;
     Да придонесат кон автоматизирање на административните задачи во наставата,
    како што е водењето на евиденција, овозможувајќи им да се фокусираат повеќе
    време на директно ангажирање со ученици.
     Да го зајакнат својот професионален и кариерен развој.

Начин на избор
Изборот ќе се врши согласно на условите и критериумите од повикот при што предимство
ќе имаат наставници кои досега не учествувале во мобилности.
Како да се пријавите?
Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават со пополнување на апликационене
формулар и форма која може да ја добијат од комисијата која врши селекција на
учесници во мобилност.
и со доставување на Europass кратка биографија на англиски јазик.
Рок за пријавување
Рокот за пријавување е до : 07.04.2026 до 09.04.2026 г.

Оглас за избор (селекција) на ученици и наставници за учество во Проектот 2025-1-MK01-KA121-VET-000330324Download

Самоевалуација 2025Download

– Практична лекција за идни агротехничари и фитомедицинари 🌿

На 8 октомври 2025 година, учениците од образовните профили Агротехничар и Фитомедицина реализираа едукативна посета на компанијата „Алајанс Уан Македонија“ во Кавадарци – водечки субјект во тутунската индустрија. Посетата беше дел од практичната настава и имаше за цел да ги поврзе теоретските знаења со реалната агроиндустриска практика.

Ученичката заедница претставува легитимно тело кое ги застапува и претставува ставовите на учениците во рамките на

СОЗШУ „Ѓорче Петров“

Кавадарци. Нејзината улога е да работи за подобрување на училишната атмосфера, подобрување на ученичките

односи, реализирање на иницијативи, развивање на креативни идеи и коцепти и решавање на проблемите со кои тие се соочуваат.

Денес претставници од сите класови одржаа седница на ученичката заедница во конференциската сала .

Целта беше избор на нов претседател на ученичката заедница . По дискусиите , проценките и усните говори на пријавените беше избран Антонио Јанев, ученик во четврта година. Му честитаме на нашиот нов претседател од кого имаме големи очекувања до крајот на школската година.