Уписи во прва година за учебната 2022/2023

Во согласност со конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во
учебната 202
2/2023 година во Република Северна Македонија

 

Средно Општинско Земјоделско Шумарско Училиште

„Ѓорче Петров“ - Кавадарци     распишува

                          О Г Л А С

За запишување ученици во СОЗШУ„Ѓорче Петров“ Кавадарци за учебната 2022/2023 година

Vo prva godina  }e se zapi{at 184 u~enici vo 7 paralelki, za ~etirigodi{no i trigodi{no  {koluvawe, spored planovi i programa za:

I.    Во прва година ќе се запишат 186 ученици во 6 паралелки според наставните планови и програми за:

1.1.   ШУМАРСКО-ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА СТРУКА               75  ученици во 3 паралелки,

-       Шумарски техничар/ техничар за пејзажен дизајн.......             .........................          1 п.  25уч.          45 мин. поени

   дуално образование (соработка со ЈП Национални шуми Скопје)

-       Техничар за мебел и ентериер/ техничар за обработка на дрво                1 п          25уч.                   45 мин. поени

   дуално образование (соработка со ДОО НИКОМ - Кавадарци)

-       Столар - Шумар (3 годишно образование)................................................    1 п.          25уч                30 мин. поени

   дуално образование (соработка со компании ЈП Национални шуми и ДОО НИКОМ - Кавадарци)

1.2.   ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА СТРУКА                75  ученици во 3 паралелки,

-      Агротехничар / Техничар за агроменаџмент .........................................             1 п.   25 уч.............................. 40 мин. поени

    дуално образование (соработка со АД Гоце Делчев Тиквеш; Агрокожувчанка ДООЕЛ Кавадарци)

-      Техничар за фитомедицина           .............................................................             1 п    25 уч.............................. 45 мин. поени

    дуално образование (соработка со  Агротомил; Агролек ДООЕЛ; ФИТОРОСТ ДООЕЛ Кавадарци)

-       Градинар - Цвеќар (3 годишно образование)............................................. 1 п.          25уч.          30 мин. поени

   дуално образование (соработка со компанија Пинус ДООЕЛ Кавадарци)

 

1.3.   ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА .....                                    34 ученици во 1 паралелка,

-          Фармацевтски техничар..............................................................................  1 п.   34 уч. ............................................ 70 мин. поени

1.4.   СПОРТСКА АКАДЕМИЈА ....                                    34 ученици во 1 паралелка,

-          Академска паралелка – кошарка ................................................... Упис преку селективни тренинзи

II.   УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ:  

-       Да имаат завршено основно образование;

-       Да не се постари од 17 години;

-       Да се определиле за план и програма за Стручно образование и обука;

-       Да ги исполнуваат критериумите утврдени со Огласот.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

       При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:

 - пријава за запишување

- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

 - дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;

 - извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

IV.  КОНКУРСНИ РОКОВИ:

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. Прелиминарните листи на запишани ученици ќе се објавуваат на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk

Првото пријавување на учениците ќе се врши на 14 јуни до 24.00 часот и на 15 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни 2022 година на најдоцна до 09:00  Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 16 јуни од 12.00 до 19.00 ч. и на 17 јуни од 07.00 до 19.00 ч. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2022 год.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 21 јуни до 24.00 часот и на 22 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 година најдоцна до 09:00 ч. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 23 јуни од 12.00 до 19.00 ч. и на 24 јуни од 07.00 до 19.00 ч. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 год.

Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28 јуни до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2022 година најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на            потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 10.00 до 19.00 ч. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 22 август до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 август 2022 најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 23 август од 10.00 до 19.00 часот

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.

V.     КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ:

-      Среден успех на ученикот од VI до IX одделение (за средниот успех може да добие најмногу 50 поени).

-       Среден успех на ученикот постигнат по четирите предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се значајни за струката). Ученикот може да добие најмногу 20 поени, по 5 поени за секој предмет;

-       Дипломи од освоени(I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од МОН) по мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје. За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место. На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени;

-       Средна вредност од поени добиени за поведение (може да добие најмногу 5 поени). Примерно поведение се вреднува со 5 поени, Добро- 3 поени и Незадоволително-0 поени.

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој Конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Во близина на училиштето се наоѓа Ученички дом, каде сместувањето и исхраната се бесплатни

 

Text Box: Април, 2022 годинаСОЗШУ  „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ КАВАДАРЦИ

 

            .

Средна вредност е збир од поени за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со бројот 4.

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој Конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Април, 2021 година

СОЗШУ  „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ КАВАДАРЦИ