Проект „Избери сирење“ - Chose a cheese (CHEASY)

 

 

Денес 20.09.2021 во Делчево, започна првата фаза од проектот „Chose a cheese (CHEASY)“ чиј носител е СОЗШУ „Ѓорче Петров“-Кавадарци.
Партнери на нашето училиште во проектот се: Господарска школа Крижевци (Хрватска), СОУ „Браќа Миладиновци“-Скопје, Ветеринaрна станица Делчево, Gastronomy Club of Epirus- Janina (Greece).
Проектот е во рамките на Програмата Еразмус+, Kлучна акција 1, и ќе се одвива во 3 фази: Македонија(Делчево-Берово), Хрватска (Крижевци) и Грција (Јанина). Во секоја фаза учествуваат по 15 ученици и 12 наставници.